Ноќевање

Бебешко Креветче бесплатно

Бебешко Креветче

Во обид да станеме најдобриот хотел во регионот ние се впуштивме на пат да го направиме нашиот хотел повеќе семејно ориентиран. Тоа вклучува повеќе адаптации, реновирања и изготвување на нов концепт за повеќе простории и нашиот работен процес.

Денес со радост ве известуваме дека направивме еден бебешки чекор во таа насока :) Додадовме бебешко креветче кон нашата понуда. Ние исто така решивме да го понудиме тоа креветче бесплатно за било која резервација. Престојот за деца до 3 години е исто така бесплатен. Ова креветче доаѓа припремено со душек, перница и постелнина.