Често поставувани прашања

Хотелот е оддалечен 1.2 - 1.4 км. (зависно од рута) од најцентралната точка на Прилеп. Ви требаат околу 4 мин. со кола или 15 мин. пеш. Почетокот на центарот е околу 650 м. оддалечен од нашиот хотел, до каде што Ви се потребни околу 8 мин. пешачење.
Доручекот е вклучен во секоја резервација за скоро секој тип на соба. Доручекот е исклучен САМО за резервации во апартманите наменети за долг престој, кои што може да се резервираат најкратко за 30 дена. Опција за цена без доручек кај другите соби не е достапна.
Нашиот хотел нема базен или СПА центар кои што се отворени за гости. Базен имаше отворен до пред околу 5 години, но од тогаш е затворен за сите гости. Просторот со базен сеуште постои, но просторот како таков моментално се издава за приватни забави. Моментално имаме план во движење за реновирање на тој простор, со кој што базенот ќе биде отстранет во целост. Моментално немаме планови да нудиме базен.
Имаме две локации кои се наш приватен паркинг. Последните 20 години не сме имале никаков поголем инцидент, настрана од некоја гребнатинка на нашите паркинзи. За дополнителна безбедност моментално сме во процес на инсталација на софистициран видео надзор. Прочитајте повеќе тука.
Целиот простор на хотелот е покриен со клима, вклучувајќи ги рестораните, собите и другите јавни простории. Климата е централна, но може да се контролира индивидуално во секоја соба.
Пушењето е строго забрането по целата површина на хотелот, вклучувајќи ги и собите. Го задржуваме правото да изречеме казни на гостите кои што пушат во собите. Гости пушачи треба да резервираат соби со балкон. Исто така имаме и тераса со тврд покрив каде што може да се нарачуваат храна и пијалаци и таму пушењето е исто така дозволено.
Би се изненадиле од бројот на туристички атракции кои можете да ги посетите во Прилеп. Можете да видите една комплетна листа на атракции тука. Повеќе од местата се лесно достапни и поголем дел се постојано отворени. Доколку сакате да закажете за одредени датум и локација, Ве молиме контактирајте ја нашата рецепција.
Нашите ресторан и кујна работат од 07:00 наутро до 22:00 навечер, секој ден. Од 07:00 до 10:00 не се отворени за гости, кои не престојуваат во нашиот хотел. За време на тој период тие работат за нашиот доручек на шведска маса. После 10:00 тие отвараат за надворешни гости. Повеќе информации тука.
Ние сме претплатени кај локален кабловски ТВ провајдер, со голем избор на спортски канали, за нашите ентузијастички локални спортски фанови. Комплетна листа на достапни канали е достапна тука.