Итни мерки за заштита на нашите гости и вработени од Корона вирус

1
min read
A- A+
read
Дезинфекција и мерки

Се соочуваме со тешки времиња и туризмот е најпогоден од новиот Корона вирус. Откако дојдовме до сознанија дека истиот почна да се шири низ Европа, решивме да презмеме соодветни мерки и да направиме кратка обука на персоналот.

Мерки за заштита на гости и вработени

  1. Регуларна дезинфекција на сите рачки од врати во јавни простории, најмалку 5 пати на ден;
  2. Регуларна дезинфекција на дугмиња од лифтови, најмалку 5 пати на ден;
  3. Инсталација на диспензери за дезинфекција во јавни простории низ хотелот;
  4. Отстранување на покривките од креветите во секоја соба;
  5. Регуларна дезинфекција на далечински, телефони, рачки од врати во соби и други ствари кои што често се пофаќаат со раце во гостинските соби;
  6. Регуларна дезинфекција на сите прекидачи за светло.

Обука на нашите вработени

Направивме и кратка обука на нашите вработени во врска со следниве работи:

  • како да препознаат симптоми;
  • категории на ранливи луѓе во опасност во случај на локална појава на вирусот, и како да ги заштите фамилијарните членови;
  • ги советувавме нашите вработени да откажат секакви патувања.

Доколку наш вработен појави мали сигнали на настинка истиот ќе биде веднаш отстранет на дополнителен одмор без потреба од боловање. Во случај вработен наш да патува во ризично подрачје, тогаш тој вработен ќе помине 14 дена во самоизолација пред да се врати на работа.

Се надеваме дека оваа криза брзо ќе се реши и дека работите ќе се вратат во нормала. До тогаш ќе преземаме секакви мерки за заштита.