добредојде

Хотел Кристал Палас достапен со "Купувам Домашно!" картички и "Дома си е дома" ваучери

Doma si e doma terasa

Во изминатиот месец, работите почнаа полека но сигурно да се придвижуваат кон позитивно. Ново воведените закони и правила за работа, дозволија поголема флексибилност за сите угостителски објекти, така што и ние го зголемивме бројот на достапни услуги за сите наши гости. 

Со почетокот на овој месец (Јуни, 2020 година), хотелот официјално нуди и ресторански услуги паралелно со собите кој што беа достапни за странски и домашни гости од месец Мај. 

Подобро добредојде за нашите гости

Бесплатни пијалаци за добредојде во нашите соби

Драги гости

Сакаме да Ви овозможиме подобро добредојде во нашиот хотел, да се чувствувате повеќе како дома. Откако ќе влезете во Вашата соба ќе видите послужавник за добредојде со сад за кафе, инстант кафиња, инстант витаминско сокче и чајче. 

Дополнително, поради тоа што водата од чешма не е секогаш безбедна, ќе добиете и вода во шише бесплатно во Вашите соби. Случаите кога водата од чешма не е безбедна се ретки, но сепак консултирајте се со нашата рецепција за периодот во кој престојувате. 

Добредојдовте во нашиот Хотел со 4 ѕвезди Кристал Палас

До нашите драги гости

Ви благодариме за посетата на овој веб сајт и Ви благодариме за Вашиот интерес за Хотел Кристал Палас, лоциран во Прилеп, Македонија.

Овој веб сајт е наш скромен обид за подобро да го претставиме нашиот хотел, нашите услуги и простории. Планираме да додаваме многу содржи како најтранспарентно би го прикажале секој аспект од нашиот хотел и секоја активност која што ја превземаме за надоградба на нашите услуги и подобрување на нашата понуда кон вас.