Доручек на Шведска Маса

Богат доручек на шведска маса
Богат доручек на шведска маса
Богат доручек на шведска маса
Богат доручек на шведска маса

Кога и да резервирате соба во нашиот хотел секогаш вклучува богат доручек на шведска маса. Ве молиме внимавајте дека апартманите кои се наменети за подолг престој се исклучок на ова правило.

Човек не треба да присуствува дури ни на крајот на светот без добар доручек.

Доручекот е достапен од 07:00 до 10:00 секој ден. Доколку сте рана птица можете да ја известите нашата рецепција и ќе Ви поставиме доручек дури и пред тоа.

Содржина на Шведска Маса

Нашата шведска маса за доручек, покрај вообичаениот избор, содржи и дополнителни традиционални јадења. Можете да очекувате домашни кифлички, зелнк, ајвар, голем избор на овошје зависно од сезона, пудинг, домашни слатки, локален мармалад, па дури и топла супа ако така го започнувате денот.

Бесплатно кафе е исто така вклучено од машината за кафе во близина на масата, која што има одличен избор од брендот Нестле. Македонското кафе е исто така опција. Дополнително можете да побарате сок од јаболко, портокал или праска. Млеко или јогурт се исто така опција, вклучена во доручекот на шведска маса.

Што ако го пропуштив доручекот?

Животот не е едноставен. Се случува да сте преморени и да не можете да се пробудите порано. Доколку знаете однапред дека може да се успиете, може да ја известите рецепцијата и ние ќе ја почуваме шведската маса малку подоцна. Доколку се случи по грешка имаме решение и за тоа. Имаме доста опции за доручек во нашето мени, како:

Ставка Цена
Омлет по нарачка 140 ден.
Селска Кајгана 180 ден.
Пилешка или телешка супа 50 ден.
Клуб Сендвич 140 ден.
Чорба 140 ден.
Континентален доручек 150 ден.