Резултати од Наградна Игра Календар 2020

1
min read
A- A+
read
Хотел Кристал Палас обоен
Прилепската саат кула обоена
Прилепски ѕид обоен
Прилепски могила обоени

Почитувани родители

Пред се да Ви посакаме Среќна Нова 2020 Година и Среќен Божиќ. Се надеваме дека нашата мала акција и наградна игра, го разбудија натпреварувачкиот дух кај Вашите најмали и најмили, и дека имавте прекрасни моменти заедно. Една од пораките кои ги добивме навистина не израдува:

Сакам да ви кажам дека баш ни беше забавно додека малата ги боеше цртежите и за секоја од нив си смислувавме и раскажувавме приказни, ќе речам дека едноставно изгледаше но целта беше исполнета 100 % (цела фамилија бевме сплотени додека се боеа сликите :) ).

Кои се критериумите по кои биравме најдобри?

Нам ова ни е прв пат да организираме награда од ваков тип, и не можевме ни да претпоставиме колку може да е комплицирано да се бара најдобар меѓу толку многу детски трудови. Еве како биравме:

  1. Колку повеќе цртежи има толку повеќе поени дадовме. Тоа беше наведено уште на самиот почеток. 
  2. Детали. Тука баравме колку внимание детето посветило на боење на детали. Имавме цртежи каде што секое каменче има различна боја. Колку подетално обоено толку повеќе поени дадовме. 
  3. Колкав процент од сликата е обоена? Иако имаше слики на кои немаше никаква позадина, дававме повеќе поени доколку детето само смисли своја позадина. Екстра поени дадовме на тие кои што излегоа од кутијата и боеја низ целиот календар. Тоа за нас значи дека детето утре ќе може да наоѓа креативни решенија на проблеми. 
  4. Прецизност. Колку повнимателно се бои еден цртеж толку помалку се излегува од линиите и се добива еден многу поубав цртеж. Тоа за нас покажува дека детето посветило време и љубов во целиот процес. Во овој момент не ги занемаривме оние моменти каде е видливо нарочно излегување од линија, според замислата на самиот уметник. Колку попрецизно толку повеќе поени дадовме. 
  5. Имагинација. Прво и најбитно дали детето може да ја замисли сликата онака како што линиите наведуваат. На ова поле немаше ниту еден промашен цртеж. Понатаму за екстра поени гледавме и тоа колку детето е способно да замислува работи кои не се таму. Во самите избрани слики има празни бели простори, во кои некои од децата нацртаа предмети кои сами ги замислија. За секоја таква појава на имагинација дававме екстра поени. 
  6. Возраст. Дававме по некој екстра поен на помалите деца, за да им дадеме предност во однос на повозрасните. 

Потрошивме навистина многу време да ги разгледаме сите убаво од секој агол. Дури неочекувано многу време за нас. На крај дојдовме до следниве резултати: Прво место за близначињата Ања Милеска и Костадин Милески. И двете деца обоија по еден календар секое, и двата календари подеднакво добри. Второ место доби Максим Талески, додека третото место припадна на Теа Бурнеска

Што понатаму?

Тимот на Хотел Кристал Палас оваа година зазема стратешки правец кон тоа да бидеме попријатно место за секакви фамилијарни дружби. За таа цел имаме замисла да го преуредиме целиот ресторански простор. На сите учесници им доделуваме ваучер од 500,00 денари за трошење во моменталниот ресторан на Хотел Кристал Палас, да можат да ги почестат своите деца со по еден десерт и да го разгледаат просторот. Сите се добредојдени да дадат идеја, за тоа како би можело да се уреди, или содржина која би им била интересна. Содржината не мора во никој случај да има цел продажба или профит, воопшто не е проблем ако додадеме содржини кои не се наплаќаат. Целта не е да создадеме локал, во кој се троши Х кг. кафе дневно или нешто слично, туку да создадеме пријатно место за родители, исполнето со детски џагор.