Нов VOIP систем со бесплатни повици низ Македонија

1
min read
A- A+
read
VOIP

Почитувани,

Со задоволство ве известуваме за уште една новина во Хотел Кристал Палас. Неодамна направивме надградба на VOIP на целиот наш телефонски систем. Што значи тоа за нашите гости?

Имено, Хотел Кристал Палас екскулузивно, почнувајќи од оваа година, воведува бесплатна директна излезна телефонска линија од нашите Делукс и Џуниор Делукс соби. Подетално, ова значи дека сите гости сместени во овие типови на соби користејќи ги нашите телефонски линии ќе имаат можност да остваруваат:

  • Бесплатни мобилни разговори низ Македонија
  • Бесплатни фиксни разговори низ Македонија

Дали тоа ќе бидат вашите бизнис или персонални повици, оваа е една одлична можност за подобрување на комуникацијата за време на Вашиот престој кај нас.

Другите типови на соби исто така имаат можност за излезни повици за рамна тарифа до 5,00 денари од минута кон било која мрежа во Македонија. 

Зошто го направивме сето ова?

Хотел Кристал Палас често пати има странски гости кои доаѓаат во Македонија со својот мобилен број од странство. За да направат било каква комуникација во Прилеп треба да плаќаат скапи роаминг тарифи или да чекаат работен ден и работно време за да си купат СИМ картичка од некој телефонски провајдер. Вака имаат директно можност за да комуницираат со било кого од соба од моментот на пријавување. 

Дополнително секој гостин ќе може да прима телефонски повици директно во соба. Се разбира дека тој што го бара гостинот треба да го има неговиот број на резервација, со цел да се зачува приватноста на нашите гости. 

Повици кон странство и што понатаму?

Моментално се работи на тарифник за повиици кон странство. Истиот ќе биде објавен веднаш откако ќе бидеме спремни. 

Дополнително, меѓу нашите гости, популарна е услугата будење. Новиот систем овозможува автоматизација на целиот процес. Моментално се работи на тоа. 

Новиот систем дополнително нуди разни можности за конференциски потреби, како и поставување на посебен директен број во соба или конференциска просторија, на барање на гостите.