Реновирање и Редекорирање На Нашите Стандардни Соби

1
min read
A- A+
read
Стандардна Двокреветна Соба
Стандардна Двокреветна Соба
Тераса на стандардна двокреветна соба

Со цел да Ви понудиме најдобро искуство при престојот во Нашиот хотел и секогаш да бидеме во тек, со задоволство ги известуваме нашите гости дека собите од Стандарден Тип кои Кристал Палас ги нуди, заклучно со новата 2020-та година добија нов изглед.

Ова вклучува:

  • Промена на постоечкиот мебел во собите во нашите стандардни соби, со нов и помодерен
  • Бојадисување на собите и промена на целокупниот ентериер со што собите добиваат еден нов и посвеж изглед.
  • Тоалетите во овие соби исто така претрпеа измени вклучувајќи промена на елементи кои беа оштетени или застарени.
  • Промена на сите други застарени елементи.

Хотел Кристал Палас во иднина ќе практикува процес на постојано реновирање, каде што тековно ќе бидат заменувани елементи и вршени измени во текот на работењето, со цел да се избегне застарување на собите. 

Во меѓувреме планирани се одредени чекори, како следниве:

  • Нови мултимедијални услуги во соба, вклучително и streaming
  • Воведување на директна телефонска линија во соба со бесплатни разговори до сите мрежи низ Македонија
  • Воведување на бесплатен топол напиток за сите гости (кафе, чај)
  • Нов бизнис центар
  • Реновирање на ресторански дел со ново мени и подобар избор на храна

Посетете нѐ и уверете се.