Брзо и Бесплатно Хотелско WIFI

WIFI во Хотел Кристал Палас

Свесни сме дека WIFI е денес на топ листа на барања на госитте. Стана најважната карактеристика за еден хотел. Ние се погриживме за да го решиме тој проблем. Инвестиравме значајни средства што резултираше со одлична конекција. Без разлика каде се наоѓате во нашиот хотел, Интернет конекцијата е секаде со Вас. Секоја соба е покриена со силен WIFI сигнал на секој кат.

Ние разбираме дека дури и најдоброто WIFI нема да направи многу ако Интернет конекцијата е слаба. Затоа побаравме од локален провајдер да не поврзе директно со оптички кабел. Нашиот линк има капацитет од 200 Mbit/s симнување и качување. Ова е повеќе од доволно дури и кога хотелот е комплетно полн.

WiFi за вашите бизнис настани

Ние исто така разбираме дека сериозните бизнис настани побаруваат и стабилна конекција. Затоа се погриживме нашиот Интернет да работи стабилно дури и кога повеќе луѓе се поврзани. Можете да се случи да имаме стотина гости во хотелот кои што работат позахтевни задачи, Интернетот сеуште ќе им биде доволно стабилен.

Некои бизнис простории имаат и AC WIFI. Се работи за многу постабилен и побрз WIFI од вообичаено. Се работи за тип на конекција кој што е потребен за стриминг во живо. Може да направи повеќе конекции во истиот момент. Планираме да го покриеме целиот хотел со овој тип на конекција во блиска иднина.

AC WiFi Unifi